Тренерот на Бостон може да биде суспендиран цела година поради љубовна врска

од Nikola Popovski

Име Удока, тренерот на Бостон Селтикс, е пред суспензија поради љубовна врска со член на таа организација.

Удока бил во интимна врска, што се смета за кршење на правилата, ќе биде суспендиран, а останува да се види прашањето и до кога. Се уште не е донесена конечната одлука, но се спомнува опцијата да биде суспендиран цела сезона, пишува „ESPN“.

Неговиот прв асистент Вил Харди ја презеде Јута Џез, а во случај Удока да биде суспендиран, на клупата веројатно привремено би бил уште еден помошник – Џо Мазула.

Удока минатото лето на клупата го замени Бред Стивенс, кој стана претседател на кошаркарски операции во тимот.

Фото: Getty Images

Слични содржини