Тренерот на Лацио: Момчињата даваат се од себе, но тоа не е доволно

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги призна дека екипата минува низ тежок период. Тренерот има проблеми со повреди и пенали, а утре Римјаните ќе гостуваат кај Удинезе.


После три последователни порази, „орлите“ веќе се осум бода зад лидерот Јувентус. Лошите резултати го натераа претседателот на клубот, Клаудио Лотито, да присуствува на тренингот на тимот денес во потрага по причините за лошата форма.

– Разменивме идеи со раководството на клубот, играчите и персоналот. Имавме разговори во последните неколку дена додека минуваме низ тежок период. Момчињата даваат се од себе, но тоа не е доволно кога имаме толку малку можности за ротација во составот. Нема време за тренинзи. Она што можеме да направиме е да се опоравиме на најдобар начин помеѓу натпреварите, рече Инзаги.

Слични содржини