Тренерот на Ребел Вилсон откри зошто треба да јадете 6 оброци на ден

од Stefanija Kuzmanovska

За трансформацијата на актерката Ребел Вилсон не престанува да се зборува. Популарната буцка изгуби повеќе од 20 килограми и изгледа фантастично. 29-годишната Австралијка даде бројни изјави на тема слабеење. Таа откри дека методот „Маер“ и тренерот Јоно Кастано стојат зад сето тоа.

„Станавме одлични пријатели“, рече Кастано за „US TODAY“. Сега размислува да се пресели во Лос Анџелес бидејќи стана барано име во светот на славните.

Постојат пет совети за секој што сака да изгуби тежина, меѓу другото, тој вели дека треба да го документирате напредокот и постигнатите цели на социјалните мрежи и да се движите барем 45 минути на ден.

Наместо да јаде три оброка на ден, Кастано предлага шест помали порции кои ќе обезбедат заситеност.

„Јадете за да бидете задоволни, а не полни“, рече тој.

На крајот на краиштата, методот „Маер“ избран од Ребел се заснова на луѓе што го џвакаат секој залак 40 до 60 пати.

„Кога почнуваме да јадеме, јадеме за да си го наполниме стомакот. Но, она што треба да го направиме е да јадеме за да бидеме сити во текот на денот. Не треба да гладуваме, но ситоста треба да биде примарна цел“, рече тој

Кастано ги охрабрува своите клиенти да имаат доволно физичка активност, но и да користат апликации за фитнес што можат да бидат одличен сојузник во слабеењето.

loading...

Слични содржини