Трет сомнителен случај: Патничка од Милано се тестира за коронавирус на Инфективна

од Vladimir Zorba

Во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на коронавирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје.

Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, соопштија од Министерството за здравство.

Претходните два сомнителни случаи во земјава, се покажаа негативни.

Слични содржини