Трета доза за сите граѓани, комбинирањето на вакцините го зголемува имунолошкиот одговор

од Берта Китинска

Третата доза ќе можат да ја добијат сите граѓани, особено оние кои се изложени на ризикот од зараза на своето работно место, без разлика на возраста и дали имаат или немаат хронични здравствени состојби. На овој начин ги следиме препораките од други европски земји и САД, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Комбинирањето на вакцините против ковид го зголемува имунолошкиот одговор.

Комбинирањето на вакцините против Ковид-19, особено давањето трета доза, во случајот кај нас тоа ќе биде „Фајзер“ со други претходно дадени од различен тип, дури и го зголемува, односно го проширува, имунолошкиот одговор, истакна  претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова.

-Во однос на другите искуства веќе неколку месеци од летото Обединетите Арапски Емирати и Турција ги комбинираат кинеските вакцини како трета ја даваат вакцината на „Фајзер“. Исто така нивните резултати покажаа одлична заштита која ја обезбедува вакцината на „Фајзер“ особено кон делта сојот, рече Грозданова.

Слични содржини