Трета награда најдобар мобилен сајт за IQOS.COM

од Nikola Popovski
На овогодинешното онлајн издание на изборот „Сајт на годината“, организирано од дигитална маркетинг агенција „Media Solu”ons“ која се одржа на 16-ти декември сајтот iqos.com освои трето место за најдобар мобилен сајт за 2020 година. Покрај категоријата најдобар мобилен сајт, iqos.com беше номиниран и во категориите е-трговија и огласи, како и ИТ и електроника. Номинирањето на оваа манифестација се врши од страна на публиката т.е. од самите интернет корисници, додека победниците ги одлучуваат гласовите на стручното жири и гласовите на публиката.
„Корисничкото искуство и задоволство ни е приоритет бр. 1 уште од самиот почеток и многу сме среќни што потрошувачите тоа го препознаваат. Континуираното усовршување и работа на иновации ни се во постојано во фокусот на нашето работење. Сакаме да изразиме благодарност до сите оние кои го дадоа својот глас за
нас.“ – изјавија од ФМИ.
Изборот на Сајт на годината за 2020 година беше 11-то издание на оваа манифестација, а оваа година беа номинирани 533 сајтови. Прогласени беа по три победници во 18 категории: Најдобра мобилна апликација, Храна и здравје, Мода и убавина, Автомобилизам, Туризам и угостителство, Финансиски услуги, банкарство и осигурување, ИТ и електроника, Фејсбук фан страна или група, Невладини организации, Владини/државни институции, Образование, наука и култура, Е-трговија и огласи, Корпоративен сајт, Мобилен сајт, Блог, Спорт, Забава, Вести и информации.

Слични содржини