Третата доза на вакцината го успорува делта-сојот, тврдат Израелците

од Nikola Popovski

Помалку од еден месец по почетокот на засилувачките дози против Ковид -19, Израел гледа знаци на успорување на растот на бројот на заразени и тешки форми на болеста поради ширењето на делта-сојот на коронавирус, рекоа официјални лица и научници.

Делта сојот пристигна во Израел во јуни, во време кога земјата започна да ги жнее плодовите на најбрзата кампања за вакцинација во светот.

Но, со отворена економија и укинување на рестриктивните мерки, Израел од едноцифрен број на новозаразени и без смртни случаи минатата недела, стигна до околу 7.500 нови случаи дневно, со 600 луѓе во критична состојба и повеќе од 150 смртни случаи само таа недела.

На 30 јули, блискоисточната држава започна да ја дава третата доза на вакцината Фајзер и Бајнотек на луѓе над 60 години, станувајќи прва земја што го сторила тоа.

Во четвртокот, таа ја прошири таа можност за оние постари од 40 години кои ја примиле последната доза пред најмалку пет месеци. Беше објавено дека старосната граница може дополнително да се намали.

Стапката на инфекција кај вакцинираните лица над 60 години, таканаречениот репродуктивен број, започна да опаѓа на 13 август и сега е под 1, што значи дека пандемијата забавува.

Научниците тврдат дека третата доза придонесува за тоа, но веројатно и други фактори.

„Бројките се уште се многу високи, но има промени бидејќи се намали побрзиот раст на бројот на заразени и тешки случаи, како и брзината со која се шири пандемијата“, рече Еран Сегал, аналитичар на податоци на Универзитетот Вајцман и советник на израелската влада.

Слични содржини