Третина студенти од српските универзитети сакаат да ја напуштат државата

од Vladimir Zorba

Третина од 11.000 анкетирани студенти во Србија сакаат да ја напуштат државата. За заминување најмногу се подготвени младите кои завршуваат медицински или факултети од технички науки, јавија српски медиуми.

Тие бројки се дел од истражување претставено на Универзитетот во Крагуевац, и направено со поддршка од Кабинетот на министерката без ресор Славица Ѓукуќ Дејановиќи Министерството за образование и Заводот за статистика.

Според ТВ Крагуевац, Србија според статистички податоци од 2002 до 2011 година во потрага за работа ја науштиле околу 150.000 млади лица на просечна возраст од 27,8 години. Од сите млади кои ја напуштаат државата секој петти има завршен факултет.

Слични содржини