Третиот блок на РЕК Битола ќе биде вклучен по 15-ти ноември

од Nikola Popovski

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска информираше дека третиот блок на РЕК Битола ќе биде вклучен после 15-ти ноември.

-Трансформаторот за третиот блок на РЕК Битола кој се изработува во фабриката во близина на Анкара во Турција е готов, технички е испитан, нашите стручни луѓе беа во посета и е подготвен за транспорт. Транспортот ќе се врши по пат со компензиција долга 54 метри. Тоа е специјален транспорт, бидејќи вкупната тежина ќе биде над 240 тони и тоа потребни специјални дозволи од Турција, Грција и од нашата земја, изјави Ковачевски.

Тој наведе дека транспортот ќе трае од 10 до 12 дена и се очекува трансформаторот да пристигне во РЕК Битола околу 15 ноември.

-Планот за производство е од 15-ти ноември да биде вклучен третиот блок, а притоа 20 дена да се стави во ремот блок 2. Тоа ќе го направиме во моменти кога блокот 3 ќе биде вклучен и приклучен на системот, истакна Ковачевски.

Слични содржини