Тргувањето со мазут: Седум компании добија пријави и казни од над 55 илјади евра

од Берта Китинска

Кај седум компании се констатирани пропусти со дистрибуирањето на мазут во земјата соопшти денеска министерот за за економија Крешник Бектеши објавувајќи  го списокот со имиња.

Станува збор за РКМ Доел, Супертрејд, Евротим, Пертинакс Скопје, Ли-Оил, Блу Технолоџи и КА-Оил.

Кај дел од компаниите е утврдено неправилности во делот на законската обврска во чување на залихи, и правилно водење на сметководствена евиденција. Притоа за седум компании се изречени прекршочни казни во висина 55.510 евра.

Слични содржини