Три активни пожари утрово, еден хеликоптер вклучен во гаснењето

од Берта Китинска

Центарот за управувањесо кризи (ЦУК) преку регионалните центри за упрвување со кризи во кооринација со субјектите за управување со кризи известува за активните и за изгаснатите пожари до утрово, денеска 02.11.2022 година.

Активни пожари

РЦУК – Охрид, известува за три активни пожари:

1. Пожарот, што започнал на ден 30.10.2022 година во 13:00 часот во близина на Тајмиште, Општина Кичево, е се уште активен. На ден 01.11.2022 година во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Национални шуми” подружница „Лопушник”. Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но се уште е далеку од населеното место.

2. Пожарот, што започна на ден 30.10.2022 година во 20:30 часот над с.Бачишта, Општина Кичево, е се уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација. Во гаснењето на пожарот интервенирале ЈП „Национални шуми” подружница „Лопушник” и доброволци од месното население од с.Бачишта. Според последните информации, пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило. Од ЈП „Национални шуми” подружница „Лопушник” известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот.

3. Пожарот, што започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец, место викано Присој во Општина Македонски Брод, е се уште активен и истиот е префрлен во атар на с.Русјаци. Со пожарот е зафатени ниска деградирана шума и лисна постела. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ЈП „Македонски шуми” подружница „Сандански” и 4 пожарникари со 1 ПП возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод. Во гаснењето на пожарот е вклучен еден хеликоптер на МВР.

Заради одалеченоста за полнење со вода на противпоѓарното ведро на хеликоптерот во текот на денот се излезе на терен за да се избере место – локација за монтирање на базен, што ќе биде соодветно за ниско слетување на хеликоптерот за полнење вода од монтажниот базен.

Изгаснати пожари

1. РЦУК – Струмица, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Струмица, во којашто се наведува дека на ден 01.11.2022 година во времето од 16.55 до 18.30 часот имале интервенција на запалена нискостеблеста шума и овоштарник помеѓу селата Вељуса и Водоча. Пожарот е ликвидиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 5 пожарникари и 2 теренски возила. Зафатени биле околу 10ha.

2. РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Ресен, во којашто се наведува дека на ден 31.10.2022 година во времето од 11.23 до 19.00 часот во с.Наколец имале интервенција на запалена ниска вегетација, трска и овошни насади со јаболка. На местото интервенирале противпожарна едниница Ресен со 2 ПП возила и 4 пожарникари. Изгорена е површина од 10 хектари.

3. РЦУК – Куманово, известува дека на ден 31.10.2022 година во 16:50 часот, започнал пожар во атар на с.Крстов Дол, Општина Крива Паланка. Со пожарот била опожарена борова шума. Во текот на денот во гаснењето на пожарот интервенирале 5 пожарникари со 1 ПП возило, 5 лица од ЈП „Национални шуми” подружница „Осогово” од Крива Паланка и 2 лица вработени во ПО Дирекција за Заштита и спасување Крива Паланка. Во 11:15 часот на ден 01.11.2022 година пожарот е изгаснат. Со пожарот била зафатена површина од околу 20 хектари на борова шума.

РЦУК – Куманово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Куманово дека во текот на денот имале уште две интервенции:

– интервенција на запален отпад – ниска вегетација во населба „Доне Божинов’ во периодот од 16.10-20.00 часот, каде што учествувале со 1 ПП Возило и 5 пожарникари.

– втората интервенција била во Агино село на запалена ниска вегетација, во периодот од 16.25-17.40 часот каде што учествувале со 1 ПП возило и 4 пожарникари

4. РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпоѓарна заштита БППЗ на Град Скопје во којашто се наведува дека во период од 13:03 до 14:25 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запален отпаден материјал во с.Добридол. (Општина Сопиште)

Слични содржини