Три апликации кои секогаш ја следат вашата локација, па дури и тогаш кога не ги користите

од desk2

И додека очекувате дека е нормално апликацијата за навигација да ја следи вашата локација за безбедно да стигнете од точка А до точка Б, можеби ќе ве изненади информацијата дека постојат и многу други апликации кои го прават истото дури и тогаш кога немаат никаква потреба за тоа.

Погледнете кои апликации секогаш ве следат дури и кога не ги користите.

Апликација за временска прогноза
Оваа апликација мора да ја знае вашата локација за да ви каже дали наутро треба од дома да излезете со чадор. Ова секако дека е корисно, но доколку мислите дека е обратно тогаш потрудете се на овие апликации да им го оневозможите следењето на вашата локација.

Фејсбук
Дали постои нешто кое оваа апликација не го следи? Тешко.

За среќа, може да ја исклучите опцијата за следење на локација во внатрешноста на оваа апликација.

Апликации за наоѓање на партнер
Овие апликации се корисни затоа што ви кажуваат кој во вашата близина бара партнер.

Но, кога ги користите вие им давате дозвола да ги користат информациите за вашата моментална, но и идна локација.

Слични содржини