Почетна / Анализи / Три децении слобода – 30 години од падот на Берлинскиот ѕид

Три децении слобода – 30 години од падот на Берлинскиот ѕид

Во САД деновиве се одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, историска дата која започна епоха на, од современиците опишана со стихот „време, невреме“, од познатата песна на Чарлс Дикенс.

Периодот пред ноември 1989 година беше драматично време низ цела Европа, кога некои од народите на земјите од поранешниот комунистички блок заеднички дигнаа гласа за повеќе права и слободи, а против партиското едноумие и тиранијата, и најважно – за уривање на границите шта ја делеа Европа на западна и источна, и физички и ментални.

Трендот на револуции беше глобален, со студентските протести во Кина и крвавите сцени од плоштадот Тјенанмен, со пeресетројката во Советскиот Сојуз започната од последниот советски претседател Михаил Горбачов, со превирањата во поранешниот источен комунистички блок, посебно во Унгарија, Полска и поранешна Југославија.

Следејќи го тој тренд, Владата на тогашна Германска Демократска Република, на 9 ноември 1989 година објави дека граѓаните на источен Берлин можат да патуваат во Западна Германија и западен Берлин. На изненадување, реакцијата од Москва, која имаше цврста контрола врз власта во Источна Германија, беше млака.

Во деновите што следуваа во една празнична атмосфера илјадници луѓе се искачија или ја преминуваа вештачката ѕидана бариера. Во еуфоријата, ѕидот започна да се урива, некои тоа го правеа од гнев, а некои да земат дел од објектот, тула или парче малтер, историски сувенир за идните генерации.

Историски гледано, уривањето на Берлинскиот ѕид беше логичен след на околностите, но тогаш никој не можеше да го предвиди настанот, и кога се случи, да поверува дека тоа навистина е реалност. Многумина беа убедени дека Студената војна нема да заврши во нивниот животен век.

Поранешниот државен секретар на САД, Џејмс Бејкер, во интервју за „Гласот на Америка“, изјави дека уривањето на ѕидот бил знак дека светот се менува.

-Беше изненадување. Никој од нас во тоа време не очекуваше колапс на Советскиот Сојуз (настапи две години подоцна). Паѓањето на ѕидот беше предвидено да се случи тогаш кога се случи, вели Бејкер, еден од главните протагонисти на тогашната геополитичка сцена.

Улогата на САД во поттикнување на бранот надежи за слобода и промени што тогаш ја заплисна Европа е несомнена. Во аналите на историјата запечатен е говорот на претседателот Роналд Реган пред Берлинскиот ѕид, со повикот „господин Горбачов, урнете го овој ѕид“. Говорот се случи две години претходно, доволно кратко време, момент, ако се споредат четирите децении неслобода, за превирањата да земат критична точка.

Триесет годишнината од овој настан во Вашингтон деновиве се одбележува со изложба поставена во холот на импозантната железничка станица Јунион. Изложбата дава осврт за историјата на Берлинскиот ѕид со прикажани десет портрети на обични берлинерци кои загинале во обид да го прескокнат ѕидот.

Синоќа се одржа и конференција на која се дискутираше за горчливите лекции од Студената војна, и за теророт и уништените животи, резултат од комунстичката диктатура во многу земји од источна Европа и Советскиот Сојуз. Вистините, лагите и потрагата по правда се теми поттикнати од зборовите на големиот руски посател и дисидент Александар Солженицин дека „насилството никако не може да се скрие освен со лаги; а лагите тешко можат да се одржат без насилство“.

На панел дискусииите учествуваа Јоаким Гок, лутерански пастор, активист и борец за човекови права од источниот дел на Германија, кој од 2012 до 2017 година служеше како 11-ти претседател на Германија. Свое обраќање имаше и Вес Мичел, американски дипломат и поранешен заменик државен секретар за Европа и Евроазија. Но и други познати автори, активисти и новинари, како Дејвид Сатер, познат дописник од Москва на повеќе англојазични новински изданија во 1980-те и 1999-те, кој во своите статии, анализи и книги, ги има детално документирано години пред и по колапсот на Советскиот Сојуз и раѓањето на нова Русија.

На гала вечерта синоќа, претставници на американската фондација Момеријал за жртвите на комунизмот, на Гок му врачија Медал за слобода. За возврат, пак, германските власти во Берлин синоќа открија статуа во чест на Роналд Реган.

Споменикот, поставен во близина на местото каде поранешниот американски претседател го оддржа својат познат говор со повикот „урнете го ѕидот“, го откри државниот секретар Мајк Помпео, кој статуата ја нарече „монументален момент“.

-Претседателот Реган беше незаменлив лидер со мисија за одбрана на неотуѓивите човекови права. Тој храбро ги осудуваше најголемите закани за слободата, пред се советската империја, како империја на злото, истакна Помпео.

Статуата, сепак е поставена на тераса на територија на американската амбасада, иако неколку години се водеа полемики таа да биде поставена на германско тло. Политичарите во Берлин не одобрија, со изговор дека Реган веќе примил титула почесен граѓанин на Берлин.

Факти за Берлинскиот ѕид

1. Изградба на Берлинскиот ѕид

Изградбата на Ѕидот почна на 13 август 1961 година, само неколку дена откако тогашниот прв човек на ДДР, Волтер Улбрихт, вети дека „никој нема намера да изгради ѕид“.

Преминувањето на Германците од Источна во Западна Германија почна речиси пред 15 години пред да биде подигнат Ѕидот. Во периодот од 1945 до 1961 година од Источна во Западна Германија преминале околу три милиони луѓе речиси една шестина од тогашното население на Источна Германија. По изградбата на Берлинскиот ѕид па до неговото уривање успеале да пребегаат 5.000 лица.

Првиот бегалец е 19-годишниот Конард Шуман кој на 15 август 1961 година го прескокнал ѕидот, што беше во изградба и беше дочекан од западноберлинската полиција. По падот на Берлинскиот ѕид подигнат е споменик на Шуман.

2. Берлинскиот ѕид беше најосветлен и најопасен дел од Берлин

Берлинскиот ѕид всушност беше две бетонски бариери, високи 3,6 метри поставени на оддалеченост од 160 метри таканаречен „Појас на смртта“. На Ѕидот се наоѓаа 302 контролни кули и 20 бункери, а беше обезбедуван од 7.000 граничари. Ѕидот дополнително беше обезбедуван и со аларми, бодликава жица, автоматски уреди за пукање и постојани патроли на војници со кучиња.

Лицата кои се обидувале да пребегаат во Западна Германија биле третирани како предавници, а стражарите имале стриктна наредба да пукаат врз секој што ќе се обиде да го помине Ѕидот. Според официјалната статистика при обид за пребегнување на Запад убиени се вкупно 138 лица, кои се погребани во „Појасот на смртта“, како предупредување за другите.

Западната страна на Ѕидот беше прекриена со графити, додека источната страна беше чиста. Жителите на Западен Берлин го користеа ѕидот како место за фрлање на смет. Тие се што им беше непотребно, го фрлаа преку Ѕидот.

3. Тунел 57

Во 28 години од постоењето на Берлинскиот ѕид голем број се обиделе да пребегаат на Запад. Најпознат илегален премин беше Тунелот 57, што го доби името по 57 луѓе кои пребегаа на Запад во октомври 1964 година. Тој беше ископан од студенти од Западна Германија и беше долг 140 метри. Тој почнуваше од подрумот на напуштена пекарница недалеку од западната страна на ѕидот.

Едно од најспектакуларните бегства беше во 1988 година на семејство кои од Источен Берлин го прелетаа ѕидот со авион за запрашување.

Последната жртва е инженерот по електроника Винфрид Фројденберг. Тој во март 1989 година, само осум месеци пред да биде урнат Ѕидот, се урна со балон во западниот дел од градот откако ја прелета бетонската бариера.

4. Контролен пункт Чарли

Берлинскиот ѕид имаше седум службени гранични премини, но најпознат е „Конторлниот пунктот Ц“ односно „Чекпоинт Чарли“, што денеска е сочуван како туристичка атракција.

„Чекпоинт Чарли“ во октомври 1961 година беше местото на конфронтација меѓу САД и СССР, кога војници и тенкови од двете страни беа подготвени да пукаат едни кон други по расправа за слободата на движење на американскиот дипломат Алан Лејтнер.

5.Клучна грешка

Граѓаните од поделените страни на Берлин се упатија кон Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година кога членот на источногерманското Политбиро, Гинтер Шабовски на грешка изјави дека на граѓаните на Источна Германија ќе им биде дозволено преминување во Западна Германија.

6. Говорите на американските претседатели за Берлинскиот ѕид

Две години по подигнувањето на Берлинскиот ѕид, американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди за време на неговата историска посета на Берлин на 26 јуни 1963 година ја кажа познатата реченица „Ich bin ein Berliner. Тој Берлин го посочи како пример со кој можат да се објаснат разликите меѓу комунистичкиот и некомунистичкиот систем.

Додека Роналд Реган, 24 години подоцна, застана зад штандот пред Бранденбуршката порта и му порача на советскиот колега Михаил Горбачов да го „урне тој ѕид“.

Во 1994 година Бил Клинтон на насобраните граѓани во Берлин им се обрати со зборовите: „Вие му докажавте на светот дека ниту еден ѕид не може засекогаш да се спротивставува на моќта што ја поседува слободата“.

И говорот на Барак Обама во Берлин во 1994 година беше посветен на слободата.

– Ниту еден ѕид не може да се спротивстави на стремежот за правда, слобода и мир, кои се длабоко вкоренети во човековото срце, изјави Обама.

6. Делови од Берлинскиот ѕид

Делови од Берлинскиот ѕид денес можат да се најдат во различни делови од светот. Еден дел од ѕидот има во машки тоалет во едно казино во Лас Вегас, дел се наоѓа и во Ватикан. Помали парчиња од Берлинскиот ѕид можат да се купат и на „И-беј“.

7. Задоцнето официјално обединување

Источна и Западна Германија официјално се обединија речиси една година по падот на Берлинскиот ѕид, на 3 октомври 1990 година.

8. Конечно уривање

Берлинскиот ѕид во целост е урнат во 1992 година. Ѕидот стоеше 28 години, два месеци и 28 денови.

loading...