Три европски земји подготвија план за решавање на кризата во Белорусија

од Vladimir Zorba

Литванија, Латвија и Полска подготвија план за решавање на кризата во Белорусија, објави на прес-конференција литванскиот претседател Гитанас Науседа.

„Претседателите на нашите три држави направија план за решавање на ситуацијата во Белорусија. Содржи три точки“, рече Науседа.

Според литванскиот лидер, белоруските власти пред сè треба да престанат со употреба на сила против луѓе кои протестираат против резултатите од претседателските избори.

„Освен стопирање на употребата на сила, уапсените треба да бидат ослободени“, рече тој.

Третата точка на планот е почеток на преговори со претставници на граѓанското општество.

„Доколку планот биде прифатен, нашите земји се подготвени да бидат посредници во организацијата на процесот за надминување на кризата“, рече литванскиот лидер.

Науседа рече дека ако оваа иницијатива не биде прифатена, санкции би можеле да бидат воведени за Белорусија.

Во интервју за руското радио „Ехо Москва“, министерот за надворешни работи на Литванија изрази мислење дека Минск треба да организира нови претседателски избори, бидејќи овие „не беа демократски и слободни“.

Слични содржини