Три хороскопски знаци кои бегаат од брак

од Stefanija Kuzmanovska

Овие хороскопски знаци постојано копнеат за нова авантура и тешко се „скротуваат“.

Близнаци
Тие бараат нови возбудувања, склони се кон флерт и се вечни деца. Тие не се лесни за припитомување и не можат навистина да го замислат животот покрај една жена. Ако навистина се вљубат, а ги привлекува силна и интелигентна жена, тогаш тие се верни и лојални. Тие имаат многу врски во текот на својот живот, но не кажуваат судбоносно „да“ на скоро никого.

Стрелец
Оптимисти и вечни деца кои гледаат на светот како забавен и постојано сакаат авантури и предизвици. Тие ја сакаат слободата, патувањата и нивната независност и не се многу подготвени за компромисите што ги носи заедничкото живеење. Тие се нежни и грижливи партнери и за да ги освоите треба да одите полека и тактично.

Водолија
Нивната слобода им е на прво место, но во љубовта знаат да бидат посветени, лојални и верни. Тие се стремат кон стабилност во љубовта, склони се кон долги врски, но не се баш приврзаници на бракот. Ги привлекуваат заводливи и енергични жени.

Слични содржини