Три Комисиски седници на дневен ред во Собранието

Денес во рамки на собраниските седници ќе се оддржат оние на Комисиите за европски прашања, за финансирање и буџер, како и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На првата комисија, наменета за европски прашања, единствен на дневен ред е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени деривати во прво читање.

Пратениците членови на Комисијата за финансирање и буџет треба да дискутираат по Предлог- закон за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка, второ читање.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ќе ги разгледува барањата од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, од поранешен член на Регулаторната комисија за домување, а ќе расправа и за Утврдување коефициент за пресметување на плата на совети и друг тела во Собранието на Република Северна Македонија.

Слични содржини