Три милиони луѓе гладуваат во оваа земја

од Nikola Popovski

Според извештајот на Светската програма за храна (WFP), околу три милиони луѓе во Ирак не можат да ги задоволат своите основни потреби за храна, пренесува Анадолија.

Во извештајот на таа агенција на ООН се забележува дека провинциите кои имаат потешкотии во обезбедувањето храна се Мосул со 20 проценти, потоа Дијала со 15 проценти, Киркук со 14 проценти и Багдад со 10 проценти.

Официјалниот претставник на „WFP“ во Ирак, Абдурахма Михаџ, рече дека растечката стапка на сиромаштија во земјата е поврзана со економската состојба во Ирак.

Михаџ соопшти дека ирачките приходи нагло паднале како резултат на падот на цената на нафтата и намалувањето на производството на светскиот пазар.

Наведувајќи дека ирачкиот динар изгубил вредност во однос на американскиот долар во последните месеци од 2020 година, Михаџ додаде дека цените на некои увезени основни прехранбени производи се зголемија и дека тоа доведе до проблеми во снабдувањето со основна храна. И покрај богатите резерви на нафта, Ирак, кој е изложен на граѓанска војна и напади на терористичката организација ИСИС од 2014 година, е во економска депресија поради безбедноста и политичката нестабилност. Со оглед на тоа дека нафтата е единствениот извор на приход во Ирак, со повеќе од 40 милиони жители, сериозниот пад на нејзината цена директно влијае на приходите на земјата.

loading...

Слични содржини