Три нови ПОРТРЕТИ на Кејт Мидлтон за нејзиниот 40-ТИ РОДЕНДЕН

од Vladimir Zorba

ТРИ нови фотографии од војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, беа објавени денеска по повод нејзиниот 40-ти роденден, а на портретите направени од модниот фотограф Паоло Роверси се гледа како носи различни фустани од дизајнерот Александар Меквин, јавуваат британските медиуми.

Три нови фотографии од војвотката објавени по повод нејзиниот роденден покажуваат како таа сака да се претстави на 40 години и да зрачи со голем, старомоден гламур.

Портретите ќе бидат изложени во три области: Беркшир, Сент Ендрјус и Енглси, каде што живеела Кејт, а потоа ќе бидат сместени во постојаната колекција на Националната галерија на портрети.

Тие беа снимени во „Кју Гарденс“ во ноември и ќе бидат дел од проектот National Portrait Gallery, спонзориран од војвотката.

Портретите ќе бидат изложени на три локации кои таа ги одбрала и имаат посебно значење за неа.

Беркшир е област од нејзиното детство каде што пораснала, додека Сент Ендрјус е местото каде што отишла на универзитет и започнала врска со нејзиниот сопруг.

Енглси е место каде парот живеел заедно непосредно пред и на самиот почеток на бракот.

Слични содржини