Три ракети експлодираа во Ирак во база каде има американски војници

од Aleksandar Todeski

Три ракети експлодираа во ирачка база во која се сместени и американски војници.

Ракетите од типот „Каќуша“ експлодираа во кругот на базата Балад во Ирак, 80 километри северно од Багдад, во која има американски сили.

Нема повредени во нападот, изјавија извори од безбедносните служби. Нема други детали за нападот.

Слични содржини