Три ракети погодија аеродром во Авганистан, откажани сите летови

од Nikola Popovski

Три ракети синоќа го погодија аеродромот во Кандахар, на југот на Авганистан, каде што веќе со недели траат судирите меѓу талибанците и авганистанските сили, соопштија локалните власти.

„Две ракети ја оштетија пистата, поради што беа откажани сите летови“, рече шефот на аеродромот во Кандахар, што беше потврдено од цивилната авијација во Кабул.

Талибанците, кои веќе три месеци ја предводат офанзивата низ Авганистан, во последните недели се приближија кон Кандахар, лулката на талибанското движење.

Тие се приближија и до Херат на запад, третиот најнаселен град во Авганистан, како и Лашкар Гах, главниот град на јужната провинција Хелманд.

Слични содржини