Три смртни случаи од корона на Инфективната клиника во последните 24 часа

од Nikola Popovski

На Инфективната клиника се регистрирани вкупно 160 лица заболени од коронавирус. Само во последните 24 часа, се хоспитализирани 21 пациенти, а тројца пациенти му подлегнале на опасниот вирус.

До седум часот утрово во клиничката болница во Тетово, ниту еден пациент не починал меѓу пациентите кои примаат болничко лекување во центарот за ковид. Се намалува и бројот на хоспитализирани лица.

„За прв пат по повеќе од три недели, за време на регистрацијата за 24-часовниот период, немаме мртов пациент меѓу хоспитализираните. Има девет нови хоспитализации, а 13 се пуштени дома. Сега има вкупно 84 хоспитализирани, од кои 82 се на кислородна поддршка. Бројот на прегледи кај брза помош е 135 “, изјави доктор Миранда Пајазити.

Досега 54 отсто од населението над 40 години е вакцинирано барем со една доза вакцина против ковид-19, додека кај помладите од 18 до 39 години процентот на имунизација барем со прва доза изнесува 29 отсто, покажуваат статистиките на Министерството за здравство.

Заклучно со вчерашниот ден, во земјава се вакцинирани 747 225 граѓани, од кои ревакцинирани се 579 358 лица. Вчера вкупно се вакцинирани 14 159 граѓани од кои 3 621 примиле прва доза.

Слични содржини