Актуелно
Почетна / Магазин / Три видови зеленчук кои помагаат да го намалите целулотот

Три видови зеленчук кои помагаат да го намалите целулотот

Во борбата против целулитот, покрај соодветната нега, вежбањето, редовниот пилинг и масажите, треба да се внимава и на исхраната.

Повеќе зеленчук во исхраната, во комбинација со помал внес на шеќер и со поголем внес на протеини и вода, помага да се воспостави нормално ниво на естроген и да се регулира шеќерот во крвта, кои се важни фактори во борбата против целулитот

Три вида зеленчук се клучни во оваа борба:

Прокељ

Овој зеленчук, покрај витамин Ц, содржи супстанција наречена индол-3-карбинол (I3C) која, кога се внесува во организмот, се претвора во ди-индолил метан (DIM). Оваа супстаницја им помага на ензимите на црниот дроб да го блокираат производството на штетните материи кои се одговорни за губење на квалитетот на колагенот.

Батат (сладок компир)

Компирот е еден од најхранливите и најздравите зеленчуци, содржи калиум, бета-каротен, витамини Ц и Е и е одличен антиоксиданс. Компирот е идеален за подобрување на циркулацијата и за елиминирање на токсините – двете најважните работи кога сакате да го намалите целулитот.

Брокула

Овој зелен зеленчук е одличен за борба против целулитот од три причини. Прво, брокулата содржи алфалипоична киселина која помага да се спречи зацврстувањето на колагенот. Второ, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на диетални влакна. Трето, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум кој е потребен за ослободување од целулитот.

loading...