Три жени избодени во Нирнберг и тоа е се што се знае

од desk2

Три жени се избодени со нож во одвоени напади во Нирнберг, Германија, а полицијата истражува дали инцидентите се поврзани.

Полицијата наведува дека нема знаци дека нападите се поврзани со тероризам.

За сега не е познато со што напаѓачите синоќа во населбата Свети Јоханис ги нападнале жените.

Првата жртва е 56-годишна жена, која по нападот е оперирана. Нејзе на улица ја нападнал маж и побегнал.

Преостанатите два напада се случиле околу 3 часа подоцна, речиси еден по друг.

Во нив повредени се 26-годишна и 34-годишна жена кои се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, пренесе АП.

Полицијата наведе дека не може да се исклучи можноста сите три напади да ги направил ист човек.

Слични содржини