Трибуналот отвори внатрешна истрага за самоубиството на Праљак

од desk2

Хашкиот трибунал отвори внатрешна истрага за околностите кои доведоа до самоубиство на Слободан Праљак во судницата.

Како што соопшти денеска Трибуналот, оваа истрага ќе ја спроведе државниот обвинител на Гамбија Хасан Џалоу, кој беше главен обвинител на меѓународниот суд за Руанда.

Оваа „независна ревизија“ ќе биде насочена на „внатрешните операции на Трибуналот, во согласност со стандардните процедури“, пишува во соопштението.

Преиспитувањето на процедурите ќе започне следната недела, а извештај за резултатите се очекува пред затворањето на судот на 31 декември.

Кривична истрага за самоубиството на Праљак спроведуваат холандските власти.

Поранешниот командант на босанските Хрвати Слободан Праљак (72) на 29 ноември испи отров за време на изрекувањето на пресудата во судница на Хашкиот трибунал, а по кусо време почина во една болница во Хаг.

Слични содржини