Тричасовна блокада на Скопје поради протест

од Nikola Popovski

За денес во временскиот период од 14,00 до 17,00 часот во Скопје најавен е протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови. Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“. Поради тоа МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници.

Сопствениците на рестораните за свадби, крштевки и други веселби бараат Владата ја укине забраната за нивна работа и да донесе протокол за вршење на нивната дејност пред сезоната за венчавки. Тие апелираат до Владата да не ги држи во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како и претходната.

Слични содржини