Триесет дена притвор за тетовец кој чувал боева рачна бомба под кревет

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 53-годишен жител на тетовското село Долно Палчиште, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи од член 396 став 2 од Кривичниот законик.

Во неговата семејна куќа тој држел боева рачна бомба Ф1 од кинеско производство, иако поседувањето на вакви експлозивни материи на граѓаните им е забрането. Бомбата била пронајдена при претрес во домот на осомничениот на 8 јануари, скриена во кутија под креветот во спалната соба.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини