Триесетина деца затруени со храна од кумановска градинка

од Берта Китинска

Околу 30 деца од градинката „Ангел Шајче“, „Пчелка“, „Синоличка“ и „Кокиче“  од Куманово за време на викендот се пожалиле на симптоми повраќање, дијареја, болки и грчеви во стомакот, температура.

Директорката на градинката, Марина Алексовска на прес-конференцијата, изјави дека ги чекаат податоците од анализата на надлежните од Државниот санитарен здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и на епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје Куманово кои сè уште се во објектот „Пчелка“ и земаат брисови и потребни материјали за епидемиолошкото истражување. Токму во овој објект се подготвувала храната за потребите на децата од овие три градинки, која од денеска официјално е затворена за работа, соопштија денеска и надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Во петок две деца пројавија симптоми на температура, дијареја, ги повикавме родителите, ги зедоа. Оттогаш немаме информации дека имало јавувања на наши деца во болницата во Куманово. Во недела навечер разбрав и се слушнав со Центар за јавно здравје, со ДСЗИ и со АХВ, рекоа дека денеска ќе дојдат и ќе почнат со епидемиолошко истражување на случајот, изјави вели  Алексовска.

Слични содржини