Трифуновиќ нападнат додека собирал потписи за изборите

од Vladimir Zorba


Лидерот на Движењето на слободни граѓани (PSG), Сергеј Трифуновиќ, беше нападнат пред „Руски цар“ на улицата „Кнез Михајлова“ за време на собирањето потписи за претстојните избори.

Како што изјави за Н1 Петар Милетиќ, член на Претседателството на движењето на слободни граѓани, еден човек му пристапил на Трифуновиќ и го испровоцирал со прашања „кој плаќа за ова“ и потоа во еден момент го удрил во лице.

Милетиќ исто така изјави дека полицијата, која била во близина, го уапсила напаѓачот и дека адвокатот на PСG ќе поднесе пријава.

Движењето на слободни граѓани собира потписи пред „Руски цар“ со цел да излезе на претстојните парламентарни избори.

Слични содржини