Трифуновиќ: Вучиќ ја повлече одлуката затоа што е пи*ка

од Vladimir Zorba

„Тоа е кукавички потег. Дали сакате јас да ви одговорам искрено? Тој го стори тоа затоа што е пи*ка”, изјави актерот и претседател на Движењето на слободни граѓани (PSG) Сергеј Трифуновиќ за порталот Нова.рс, коментирајќи го фактот дека претседателот Александар Вучиќ се откажа од идејата за полициски час да биде воведен за време на викендот.

Имено, Вучиќ во своето обраќање пред јавноста денес, за разлика од вчера, изјави дека премиерот Ана Брнабиќ и министерот за здравство Зоран Лончар утре ќе ги заострат мерките за српскиот главен град, но дека веројатно нема да има затворање на граѓаните во нивните куќи три дена иако, како што рече, не се согласува со тоа.

Слични содржини