Трик како обичната маска да ве заштити од короната како Н95 (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Стоматологот Оливија Куи од Канада објави видео на „Тик Ток“ во кое покажува што да правите со обична маска за подобро да се заштити од короната, а видеото го погледнале 3,6 милиони луѓе за неколку дена.

Оливија Куи вели дека многу луѓе, кога ставаат едноставна маска на страна, имаат дупки заради што се изложени повеќе отколку што би сакале. Таа го советува следново:

Бидете сигурни да ги измиете рацете пред да направите нешто со маската. Свиткајте ја на половина по должина, а потоа врзете јазол на гумената лента и држете го што е можно поблиску до маската. Отворете ја маската и притиснете ги преостанатите дупки внатре од двете страни. На тој начин, маската ќе ви одговара добро на лицето и нема да бидете изложени како кога редовно ја носите.

 

 

Слични содржини