Трикови за убавината од ѕвездите: Софија Лорен

од Vladimir Zorba

Софија Лорен има 84 години, но продолжува да изгледа неверојатно на официјални настани. Со шарм, присуство и класа. Минатиот ноември, таа се појави на црвениот килим на Берлинскиот филмски фестивал во елегантен долг фустан.

На таа возраст, кино легендата може да биде сместена во категоријата “баба”. Но, која баба ќе си дозволи голема секси тоалета и колку баби имаат таква насмевка?

Што е тајната на вечната младост на Софија Лорен?

Таа се придржува кон вистинската спартанска дисциплина. Италијанската актерка си легнува секоја вечер во 21 часот и овој режим е прекршен многу ретко поради итни обврски.

Софија се потпира на гимнастиката за да ја задржи својата фигура и нужно пие најмалку два литра минерална вода дневно. Плодот што секојдневно се служи на нејзината маса е ананас.

Слични содржини