Тринаесет членки на ЕУ ги договорија критериумите за ковид-пасоши

од Vladimir Zorba

Тринаесет членки на Европската унија постигнаа договор за критериумите за издавање на таканаречени ковид-пасоши, што би го олеснило протокот на туристи за време на пандемијата, беше објавено денес во Виена.

„Нашата цел е да го примениме „зелениот пасош“ брзо и, ако е можно, во единствена форма на ниво на ЕУ“, рече австриската министерка за туризам Елизабет Кестингер, во изјава за австриската агенција АПА.

Таа рече дека тоа е „прашање за опстанок за европскиот туризам“.

Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија, Хрватска и Шпанија се договорија кон крајот на март за седум критериуми за издавање на „зелен пасош“, што треба да се применат најдоцна до почетокот на јуни.

„Зелениот пасош“ веднаш обезбедува информации преку кодот за проверка дали патникот е вакциниран, тестиран или прележал коронавирус. Ова овозможува едноставна и практична примена во ЕУ. Од пријавување на аеродромите до посета на гостилница“, рече австрискиот министер, објави „Индекс“.

Таа истакна дека во секој случај, сака да избегне тој вид документ да се третира како присила за имунизација.

Чувствителните здравствени податоци на сопствениците на јавни патни исправи ќе останат во земјата на потекло и нема да се чуваат на ниво на ЕУ. Понатамошна цел е усогласување на примената на ковид-пасошите со трети земји.

Списокот со критериуми беше, како што беше речено, доставен на контрола до Европската комисија, која треба да донесе одлука за спроведувањето во наредните денови, јави Танјуг.

Слични содржини