Трипуновски поднел три кривични против Димковски: „Доколку обвинителството молчи, се ќе биде процесуирано по 12 април“

од Vladimir Zorba

Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил соопшти дека денеска поднел три кривични пријави против министерот за земјоделство, Трајан Димковски.

„Денеска бев во ЈО на Републука Македонија, поднесов три кривични пријави против Трајан Димковски и други поврзани лица за низа кривични дела кои оваа власт ги стори во минатото.

Продолжувам со обелоденување на скандалите на СДСМ во земјоделството. Одговорност ќе има. Доколку обвинителството молчи, се ќе биде процесуирано по 12 април, откако ќе се ослободи правната држава и ќе завладее правото.

Нулта толеранција за криминал. Одговорност за сите кои се огрешиле пред законите“, пишува Димковски.

Слични содржини