Трите најсмртоносни болести и короната

од Stefanija Kuzmanovska

Откако завладеа пандемијата на коронавирусот, сè помалку луѓе се обраќаатт на службите за итна помош – дури и оние со симптоми на срцев или мозочен удар. Пациентите од карцином го одложуваат лечењето. Тоа е фатална грешка, велат лекарите, пренесува „Дојче веле“.

Во Германија, скоро 345.000 луѓе умираат од кардиоваскуларни заболувања годишно, од кои околу 47.000 страдаат од срцев удар. Според германската фондација за срце, околу 30 отсто од нив умираат надвор од болница – меѓу другото затоа што тие предоцна или никогаш не побарале помош.

Секоја година, 270.000 луѓе во оваа земја доживуваат некаков облик на мозочен удар – 20 отсто од нив умираат во рок од еден месец, а повеќе од 37 отсто умираат во рок од една година. Само во 2017 година во Германија од рак умреле 235.700 луѓе.

Бројот на пациенти кои страдаат од овие заболувања сигурно не се намали нагло, но болниците бележат алармантно мал број на луѓе кои им се обраќаат.

„Се чини дека пациентите со опасни симптоми на мозочен или срцев удар веќе не бараат неопходна итна медицинска помош. Луѓето се плашат да не се заразат со коронавирус“, пишува „Шпигел“.

Тренд секаде во Европа

Лекарите од повеќе клиники во Хамбург пријавуваат слични искуства овие неколку недели, иако сè уште нема доверлива статистика.

„Забележуваме нагол пад на бројот на пациенти во нашите одделенија за итни помош. Бројот на пациенти со сериозни проблеми со срцето е намален за најмалку половина. Во една клиника, колегите дури добиваат впечаток дека доаѓаат 90 отсто помалку од тие пациенти“, изјави за „Шпигел“ Франк Шел, портпарол на фирма која поседува седум клиники во Хамбург.

Покрај тоа, тој вели дека „кардиолозите кои се меѓународно добро поврзани знаат дека овој феномен не се случува само во Германија, туку и во други земји“.

Посебно загрозени

„Мозочниот удар и срцевиот удар се акутни итни состојби и важна е секоја минута – дури и за време на пандемија. Пациентите во никој случај не треба да избегнуваат болнички третман поради страв од инфекција. Грижата за луѓето со мозочен или срцев удар се одвива во простор одделен од пациентите со Ковид-19“, вели Кристијан Герлоф, директор на невролошката клиника во Хамбург.

Германското здружение за кардиологија и кардиоваскуларни истражувања апелира и во моменталната ситуација да се обезбеди соодветна нега на пациенти со срцеви заболувања, бидејќи „тие во моментов се посебно загрозени“.

„Да не повикате брза помош е кобна одлука, затоа што секоја минута на двоумење го зголемува ризикот пациентот да умре или да се појават трајни оштетувања како што е парализа, нарушувања на говорот, видот, координацијата или депресија“,вели Волф-Рудигер Сабиќ, портпарол на германското здружение на експерти за мозочен удар.

Карцином – третманот мора да се започне или продолжи

И уште една критична група на пациенти сега ги избегнува болниците – пациенти со карцином. Посебно опасно е ако луѓето со карцином сега ја прекинат терапијата.

„Без третман, туморите едноставно продолжуваат да растат, се шират во области каде што веќе не можеме да оперираме или да формираме метастази“, вели Дирк Арнолд, медицински директор на центарот за тумори на клиниката Аклепиос во Хамбург.

Слични содржини