Трицифрен број новозаразени во Хрватска

од Vladimir Zorba

Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 116 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, така што бројот на тековно заразени (активни случаи) во таа земја е вкупно 1.038.

Како што соопшти Седиштето за цивилна заштита, а Индекс објави, од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, се евидентирани вкупно 3.532 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 117 починаа, а 2.377 се опоравени.

Во моментов има само 4660 лица во самоизолација. До денес, тестирани се вкупно 91.486 лица, од кои 1.722 во последните 24 часа.

Слични содржини