Трка за Претставничкиот дом: Републиканците во предност

од Stefanija Kuzmanovska

Во рамките на трката за Претставничкиот дом, републиканците се многу блиску до победа, бидејќи вечерва по полноќ имаа предност над демократите – 190 спрема 167 места, и 218 од вкупно 435 потребни за мнозинство.

За разлика од Сенатот, каде трката се уште е тесна – 46 за двете партии од вкупно 100, во Претставничкиот дом има промени во однос на претходните избори.

Републиканците „преземаа“ места во Претставничкиот дом во Флорида, Џорџија и Вирџинија.

Гувернерите главно ги задржаа своите позиции

Освен изборите за Конгрес, во вторникот во САД се одржаа и избори за гувернери во 36 американски држави, а ситуацијата е во голема мера непроменета во однос на претходните избори.

Иако трката за гувернер привлекува помалку внимание отколку за Конгресот, од друга страна, изборот на гувернер е важен поради прашањата за правата на абортус, правата на трансродовите лица, поседувањето и носењето оружје и идните избори, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини