Тркачки Nissan Z GT4 (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Nissan подготви тркачка верзија GT4 на новото купе Z, а повеќе информации ќе бидат објавени на овогодинешниот саем SEMA во Лас Вегас (1-4 ноември).

Во кратката вест се наведува дека моторот го придвижува тјуниран твин-турбо VR30DDTT V6 мотор, кој во стандардниот модел има 400 КС.

Покрај тоа, тркачкиот Z GT4 доаѓа и со аеродинамичен комплет Nismo (преден спојлер, хауба со отвори за воздух, големо задно крило), нови тркала, модифицирана суспензија и сопирачки, црвени ленти, логоа „GT4“ на страните и тркалачки кафез.

„За Nissan, моторспортот е неспоредлив израз на страст и стручност. Nissan Z продолжува да ја одржува својата позиција како возбудлив спортски автомобил кој ги фасцинира возачите со својата возна динамика и флексибилниот погон“, изјави главниот извршен директор на Nissan, Ашвани Гупта. „Уверени сме дека овој Nissan Z GT4 подготвен за патека ќе биде подготвен да напише уште едно поглавје во 50-годишното наследство на брзината на Nissan Z“.

Испораките се најавени за првата половина на следната година, но цената се уште не е позната.

Слични содржини