Трката по вакцината доведе до „недостаток“ на мајмуни

од Vladimir Zorba

Со оглед на тоа дека во игра се повеќе од 100 можни вакцини, побарувачката за мајмуни ја надмина понудата.

Глобалната трка за вакцина против коронавирус, која би требало да помогне да се стави крај на пандемијата, предизвика „недостиг“ од мајмуни. Според американските медиуми, пред да се тестираат потенцијални вакцини врз луѓе, претклиничко истражување ја испитува безбедноста и ефективноста на вакцините кај мајмуните.

Но, со повеќе од 100 можни вакцини кои моментално се во игра, побарувачката за мајмуни ја надмина понудата.

„Имаме недостиг. Отсекогаш сме биле во состојба каде нашето производство едвај ја задоволува побарувачката за мајмуни што се користат во истражувањето, а кога се појави пандемијата на коронавирус, тоа уште повеќе не турна“, рече д-р Скип Бом, помошник директор задолжен за ветеринарна медицина во Националниот центар за истражување на примати во Њу Орлеанс.

Слични содржини