Тројца кинески астронаути пристигнаа на кинеската вселенска станица

од Stefanija Kuzmanovska

Тројца кинески астронаути пристигнаа утринава на кинеската вселенска станица, каде што ќе се придружат на тричлениот екипаж кој веќе е таму седум дена, објави АП.

Тројца астронаути полетаа вчера со вселенското летало Шенжу-15 за да ја извршат првата смена на екипажот на кинеската вселенска станица, која е втора станица со екипаж во ниска орбита во историјата.

Вселенското летало Шенжу-15 и неговите тројца патници пристигнаа со ракетата Long March-2F од центарот за лансирање Џиукуан во пустината Гоби во северозападна Кина, објави кинеската државна телевизија CTV.

Слични содржини