Трочањи: Нема екстрадиција на Груевски во Македонија, ако сака може и патни исправи да добие

од Vladimir Zorba

Унгарскиот министер за правда Ласло Трочањи, изјави дека неговата држава не може да го екстрадира Никола Груевски бидејќи тој добил азил откако укажал дека против него се води фабрикуван судски процес.

Тој додаде дека ако сака, Груевски може да аплицира за патни исправи и да ја напушти Унгарија.

Тој нагласи дека со одобрувањето азил, Унгарија потврдила дека поранешниот премиер на Македонија е жртва на политички прогон и затоа не може да биде екстрадиран.

Во изјава за телевизијата Еко, Трочањи рече дека не го прочитал објаснувањето за азил ан Груевски, но истовремено не е изненаден дека му е одобрен азил.

– Ако поранешниот премиер оди во затвор сугурно е дека нема да му биде лесно, рече тој.

Интернет порталот 24Х објави дека со добивањето статус бегалец, унгарската влада признала дека Македонија не е безбедна држава. Според истите наводи, владата во Скопје може да поднесе тужба против Унгарија пред Суд во Хаг поради кршење на Конвенцијата за дипломатски односи.

Слични содржини