Трогателна сцена: Лекар прегрнува расплакан пациент кој е заразен со Ковид-19 (фото)

од Nikola Popovski

Удобната прегратка на еден лекар со старец позитивен на Ковид-19, на Денот на благодарноста, што ја направи еден фотограф за „Getty Images“, се прошири низ целиот свет.

Станува збор за Џозеф Варон, лекар кој се грижи за пациенти со коронавирус во една болница во Тексас, кој додека работел на 252-иот ден по ред, видел вознемирен старец во одделот за интензивна нега.

Варон, шеф на персоналот на Обединетиот меморијален медицински центар во Хјустон, за „CNN“ рекол дека на влезот во единицата за интензива нега видел постар пациент кој „се обидувал да стане од својот кревет и да излезе од собата“.

„Видов дека плаче“, рекол Варон. „Му се доближив и го прашав: Зошто плачеш?“

„А човекот вели: Сакам да бидам со сопругата. Потоа едноставно го зграбив и го прегрнав“, рекол Варон.

„На крајот се чувствуваше подобро и престана да плаче“, рекол Варон за „CNN“.

„Не знам зошто досега се немам скршено”, рекол лекарот. “Моите сестри плачат насред ден”.

Варон рекол дека изолацијата во единицата за интензивна нега за ковид-19 е тешка за многу пациенти, посебно за постарите лица.

“Можете да замислите”, рекол тој. “Се наоѓате внатре во соба во која луѓето влегуваат со скафандери”.

“Кога сте постаро лице, многу е потешко, бидејќи сте сами”, рекол тој.

“Некои од нив плачат, некои се обидуваат да побегнат”, додал Варон.

Варон изјавил и дека човекот од фотографијата се чувствува подобро и додал дека се надева дека ќе излезе од болница пред крајот на неделата.

loading...

Слични содржини