39
Полицијата информира дека вчера се случил немил настан, во кој 92-годишен возач со „венто“ прегазил неколку пешаци во тетовско.
-На 28.10.2024 околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Жеровјане патничко возило ,,венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.Ф.(92) од с. Жеровјане, удрило во пешаците И.С.(65) и О.С.(69) од с. Жеровјане и М.З.(66) од с. Теново.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Ф. и пешакот О.С., додека И.С. и М.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, појаснуваат од МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.