Тројца браќа напишаа историја во НБА

од Aleksandar Petrovski

Дуелот Њу Орлеанс – Индијана се покажа како историски во НБА лигата, откако во него учествуваа тројца браќа.

За „пеликаните“ на паркетот беше Дру Холидеј и за Пејсерси играа Џастин и Арон Холидеј. Победата беше за екипата на Дру (120: 98), а по мечот тројцата разменија дресови.

– Беше одлично. Успеав да ги победам и ги добив нивните дресови, кои ќе ги закачам да висат дома. Целото семејство и пријатели беа тука, така што беше навистина убаво, рече Дру, која има 29 години. Џастин е на 30, а Арон – 23.

Тројцата имаат и сестра, Лорен, која пресмета дека имало околу 30 роднини и пријатели за време на натпреварот.

Има уште тројца браќа во лигата, со Jaнис и Танасис Антетокумпо кои играат за Милвоки Бакс, а Костас е дел од Л.А. Лејкерс, но последните двајца ретко учествуваат во играта нивните екипи.

Кајл Кузма постигна 24 поени, а Леброн Џејмс запиша 21 и 16 асистенции, иако беше под знак прашалник до последно, а Л.А. Лејкерс ја прекинаа серијата од 4 порази по ред, откако го совладаа Портланд со 128-120.

Резервите на „езерџиите“ постигнаа цели 72 поени на натпреварот, при што Кузма покажа дека тој почнува да станува се поклучен играч за тимот, откако го пропушти почетокот на сезоната поради повреда.

– Да, сега сум здрав и се поуверен. Ми требаше подолго време да стигнам тука, но драго ми е што тоа се случи, рече Кузма, кој реализираше 9 од 17 удари од игра.

Демијан Лилард ги предводеше Трејлблејзерс со 31 поен, но екипата загуби по трет пат во низа и повторно покажа слаба одбрана, влошувајќи го својот скор на 14-19.

Други резултати:

Денвер – Мемфис 119: 110,
Бостон – Торонто 97: 113
Мајами – Филаделфија 117:116 (прод.)
Вашингтон – Њујорк 100: 107
Чикаго – Атланта 116: 81
Хјустон – Бруклин 108: 98
Милвоки – Орландо 111: 100
Сан Антонио – Детроит 136: 109
Голден Стејт – Далас 121: 141
Сакраменто – Феникс 110: 112
Л.А. Клиперс – Јута 107: 120.

Слични содржини