Тројца кошаркари на Њу Орлеанс заразени со коронавирус

од Vladimir Zorba

Њу Орлеанс објави дека тројца нивни кошаркари се заразени со коронавирусот и дека се во самоизолација, но не ги наведоа имињата на играчите.

Дејвид Грифин, извршен потпретседател на НБА клубот, рече дека кошаркарите ќе се вратат во тимот, откако два последователни теста ќе бидат негативни.

Претходно беше објавено дека Денвер ја затвори својата сала за тренинзи, откако беше откриено дека двајца членови на персоналот на клубот се позитивни за Ковид-19.

Поради зголемениот број заразени лица во НБА-лига, прашање е дали завршницата од сезоната, чиј почеток е планиран за 30 јули, ќе се игра во Орландо.

Слични содржини