Тројца Кубанци приведени поради незаконско минување на границата

од Maja Serafimova

Тројца кубански државјани вчера биле лишени од слобода во близина на река Негорчанка, на граничната линија со Грција, поради незаконско преминување на државната граница.

 

Како што соопшти МВР, тројцата Кубанци, Ј.О.Ф.С.(29), С.Ф.Ј.(32) и Ј.А.Х.С.(32), биле лишени од слобода вчера во 10.40 часот.

Лицата се предадени на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Слични содржини