Тројца македонски државјани се на бродот задржан близу Јокохама поради присуството на заразени лица од коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија, поради присуството на заразени лица од коронавирусот, соопшти Министерството за надворешни работи по информации добиени од Јапонското МНР.

Како што се наведува во соопштението, досега на бродот се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.

Од Министерството за надворешни работи на Република С. Македонија посочуваат дека продолжуваат со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.

Граѓаните на Република С. Македонија кои се наоѓаат во Јапонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република С. Македонија во Токио на дежурниот телефонски број +81 80 4886 0103 или е-маил, [email protected]

Слични содржини