Тројца повредени во сообраќајка во Струмица

од Vladimir Zorba

На 13.10.2019 во 14.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица – с.Баница се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.А.(28) од Струмица и патничко моторно возило „цитроен Ц4“, со струмички регистарски ознаки управувано од А.К.(75) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот С.Ф.(35) од с.Вељуса. Екипа од СВР Струмица извршила увид на местото на незгодата.

Слични содржини