Трошановски: Оправдано е отфрлањето на францускиот предлог – ова е прв случај каде земја-кандидат дава замерка на преговарачката рамка

од Vladimir Zorba

Апсолутно прифатливо и оправдано е отфрлањето на францускиот предлогот од страна на премиерот Димитар Ковачевски, смета политичкиот аналитичар и директор на Институтот за демократија, Марко Трошановски.

Во разговор за „Локално“ вели дека предлогот на Макрон во оваа форма, кадешто преку протоколи и акциски планови се условени индетитетските прашања да бидат критериум за влез во ЕУ, е асолутно неприфатлив за нашата земја.

-Позицијата на Бугарија, особено во последната Резолуција во којашто вчера помина и произлезе од Комисијата на надворешни прашања дополнително го комплицира, односно го прави невозможно решавањето на проблемот и подобрувањето на предлогот преговарачката рамка од Франција бидејќи, токму со тоа се прави непопуслива бугарската позиција по прашањата кои на нас ни се важни да отсуствуваат од предлог преговарачката рамка како што е делот со јазикот, делот со протоколите, историските прашња и итн. Отука се разбира дека може и да блокира и замрзне процесот на проширување особено ако преговарачката рамка како таква се прифати од сите земји членки, вели Трошановски.

Според него „заканите“ на коалиционите партнери на власта имале влијание во одлуката за отфрлање на предлогот на Макрон од страна на Ковачевски.

Марко Трошановски

Марко Трошановски

-Секако заканите на коалиционите партнери имаа влијание врз одлуката и покрај нив, исто така, влијание имаше и јавната дебата која за жал се сведуваше на претпоставки и нетранспарентна комуникација на Владата со содржината на еден од најзначајните документи кои нашата држава требаше да ги прифати. Но, се разбира и мислам дека е правилна проценката и ја поздравувам одлуката на владата истиот документ во ваква форма како што е предложен да не биде прифатен од наша страна, што мислам дека ова е прв случај во историјата на проширувањето кадешто земја кандидат дава замерка на преговарачката рамка, подвлекува тој.

На прашањето дали станува се поизвесно зајакнувањето на мини сојузот на земјите од „Отворен Балкан“ и дали се очекува земјите кои се во чекалната по вчерашното „не“ да свртат нов лист во односите со Унијата, Трошановски е на мислење дека изјавите на премиерите кои се испраќаат од оваа регионална иницијатива се повеќе добиваат политичка димензија заради како што вели тој „напластената фрустрација“.

-Таа е економска иницијатива за регионална економска соработка која сега се прошири со последните меморандуми во областа на културата, туризмот и инт. а и политичките изјави заеднички на премиерите се повеќе даваат знаци дека добива некаква политичка димензија во контекст на напластената фрустрација и малите изгледи за прогрес во европската интеграција. Се разбира дека сите форми во регионалната размена кои ги доближуваат регионите се во ситуација да бидат забразни, поттикнати повеќе, бидејќи стагнацијата на место никому не му одговара, вели тој.

Б.М.

Слични содржини