Трошановски: Вчерашниот ден беше „атомска бомба“ за кредибилитетот на оваа Влада

Во своето гостување во 24 анализа, комуникологот, Марко Трошановски посочи дека граѓаните и натаму имаат гнев, со оглед на тоа што ништо не е поправено, и ниту една лекција не е научена, кога повторно и денес не функционираат системот и институциите.

„Социјалните мрежи изобилуваат со коментари. Кога немате контрола над ситуацијата е да прибегнете кон хумор и сатира. Ова се примери на дисфункционалност. Ние слушнавме во изјавата дека Владата и инстиуциите си ја научиле лекцијата, и затоа Мијалков е вратен во државата. Обвинителството и внатрешната контрола не преземаа одговорност за потсетување, ниту за бегството на Никола Груевски од пред две години. Ниту тогаш, ниту некој презеде сега одговорност. Сето тоа непостапување на институциите, ги прави граѓаните гневни и покрај тоа што Мијалков се врати. По 4 години мандат, не смееме да дозволиме да не функционираат системот и институциите“, истакна Трошановски и додаде:

„Вчерашниот ден беше атомска бомба за кредибилитетот на оваа Влада. Аспектите како конфискација на имотот, отворање на постапки за бегство на најблиските ги преминуваат ингеренциите на извршната власт. Силата на државата требаше да се презентира преку прес конференцијата на министерот Спасовски.“

 

 

 

Слични содржини