Трпчевски на концерт настапи со македонски дрес: „Forza Macedonia! Напред Македонија“

од Берта Китинска

Mаестро Симон Трпчески, вчеравечер одржа концерт во Букурешт на кој специјални гости беа македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб.

-Прекрасно завршување на сезоната на Романскиот радиски камерен оркестар, со суптилна и живописна музика на Равел и извонредниот Маестро Габриел Бебешелеа. Како поддршка за историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација со квалификацијата на ЕУРО 2020 за првпат, мал знак за благодарност со бисот посветен на сите нив. Букурешт овие денови сигурно „гори“ од Македонија и Македонците а и Романците се одлични домаќини! Forza Macedonia! Напред Македонија, напиша Трпчевски на својот Фејсбук профил.

По концертот Трпчески посочи дека е среќен што може да ја затвори концертната сезона на Романскиот радиски камерен оркестар заедно со Маестро Габриел Бебешелеа!

-Културата ја храни душата, но овие денови македонската нација е исполнета и со историскиот успех на нашата фудбалска репрезентација… овде во Романија (голем пријател на Македонија), каде можеме да уживаме во талентот на нашите фудбалери. Во присуство на Амбасадорот на Македонија во Романија и претставниците на Фудбалската федерација на Македонија, како и пријателите и љубителите на фудбалот кои во исто време се љубители на музиката, задоволство ми е да го посветам овој бис од Франсис Пуленк – Омаж на Едит Пјаф, на нашиот фудбалски тим како поддршка за денешниот натпревар овде во Букурешт. Нека тече нивната игра како убавината на музиката! Спортот и културата дефинитивно можат да одат заедно, напиша Трпчевски.

Слични содржини